Пинг-понг

ПОДВИГ НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ СО МЕДАЛ ВО ЛЕРИН!

Во Лерин (Грција) беше Осмиот фестивал на пинг-понгот, турнир во пинг-понг, на кој Прилеп имаше двајца претставници, Огнен Илиески и Рубинчо Ристески. Пионерот Илиески (13-годишен) беше во категориите до 13 и до 15 години, а ветеранот Ристески (44-годишен) во категоријата од 40 до 49 години.

Талентираниот Илиески двапати успеа да биде на 13. место, во двете возрасни групи, додека Ристески стигна до 3. место и бронзениот медал. Овие резултати се со уште поголема вредност ако се има предвид дека двајцата прилепчани се лица со инвалидност, а учествуваа на меѓународен турнир кој не е за лица со инвалидност. Вистински подвиг. Огнен е дете од 13 години и допрва го чекаат успесите, додека Рубинчо е над 20 години пампион на Македонија во категорија за лица со инвалидност и активен член исто толку години на репрезентацијата на Македонија.


Учеството на прилепските претставници во целост беше под покровителство на Параолимпискиот комитет на Македонија

Од категоријата

МРТВА ТРКА ЗА ТИТУЛАТА

Зоран Иге

ДВА ПРИЛЕПСКИ ТИМА ВО ТРКА ЗА ВРВОТ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП СЛАВИ: ПЕХАРОТ ОСВОЕН ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе