Во Кавадарци, седиштето на Третата фудбалска лига – Југ, комплетирана е табелата од есенскиот дел на првенството. Двата прекинати натпревара се регистрирани со службени резултати од по 3:0. Потсетуваме, прекин имаше во Големо Коњари во 59. минута, Големо Коњари – Дреново 2:1, по головите на Михо Андреевски и Мустафа Селманоски за домашните и Армен Мемедов за гостите, а во Лажани прекин во 46. минута, Слога – Влазними јуниор 1:1, по головите на Нермин Каришик за домашните и на Мерсин Мемедоски за гостите. Според службените резултати од по 3:0, по три бода добија Големо Коњари и Слога.
ТАБЕЛА: Големо Коњари 28, Башкими 25, Ултрас, Младост и Росоман 20, Венец 18, Питу Гули и Бучин 16, Дреново 11, Влазними јуниор 10, Слога 7. Екипата Обршани се откажа по 7. коло, а Марена пред почетокот на првенството.
СЛЕДНО 14. КОЛО (напролет): Превалец – Бучин, Младост – Ултрас, Росоман – Башкими, Венец – Влазними јуниор, Слога – Дреново, Големо Коњари – Питу Гули.
ДОСТАВА НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ…
СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403