Фудбал

МАНТА ПО 25 ГОДИНИ ИСКУСТВО ДО ФУНКЦИЈАТА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФМ!

Во рамките на вчерашната вест за промените во Фудбалската федерација на Македонија, покрај изборот на првиот човек, претседателот Масар Омерагиќ, за прилепската фудбалска јавност внимание привлече и назначувањето на Марјан Стојковски – Манта за потпретседател на оваа фудбалска организација.  Ништо не е случајно, па и новата функција, највисока досега за него. Ова се наметнува како заклучок ако се земе предвид кариерата, сите досегашни функции. Имено, по означувањето крај како фудбалер – играч и капитен на Победа и член на репрезентацијата на Македонија, од 1999 година е спортски директор на Победа долги 10 години. Потоа три години е спортски директор на 11 Октомври. Исто така, од 2002 година наваму е претседател на ОФС Прилеп. Што се однесува до ФФМ, во нејзиниот УО влегува во 2012 година, а од 2019 година е национален директор на фудбалските селекции во нејзиниот состав.

Во минатото, откако Македонија е самостојна држава, Прилеп како фудбалски центар редовно има претставници во УО на ФФМ, бидејќи пред Марјан Стојковски – Манта беа Сашо Наумоски, Хари Хаџи-Ристески и Трајче Маџоски.

 

ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО

ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…

СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…

НА 076 502 403

 

Од категоријата

ВЕЧЕРВА, ПО 12 ГОДИНИ, МЕЧ ВО САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“!!!

Зоран Иге

ПРЕСУДНА 37. МИНУТА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ДАЛИ ПРЕТСТОЈНИОВ ВИКЕНД ЌЕ БИДЕ ПРАЗЕН ЗА ПОБЕДА?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе