В недела е 12. рунда од Бизнис лигата во мал фудбал на Прилеп. Претстои ново големо дерби, МВР Викторија тобако – СОНК, третиот со вториот на табелата. Двата тима имаат ист број бодови – 28, така што кој ќе победи се искачува на врвот од табелата, со оглед на тоа што првопласираниот Мермерен комбинат е слободен. Внимание привлекува и дуелот Витаминка – Гентерм, петтиот против шестиот на табелата.
Еве го комплетниот распоред за в недела, во салата „Еврогол арена“.
13:00 Микросам – Спорт лајф
14:00 ВИК – Паркетар Горан Електроелемент
15:00 Тутунски комбинат – Кабелнет
16:00 МВР Викторија тобако – СОНК
17:00 Витаминка – Гентерм
18:00 Тренери Техномото – Футура
19:00 Адвокати Прилеп – Македонски пошти
20:00 Војници Ресторан Деспина – Комфи ангел
ТАБЕЛА
1.Мермерен комбинат 30
2.СОНК 28
3.МВР Викторија тобако 28
4.Тренери Техномото 26
5.Витаминка 25
6.Гентерм 24
7.Војници Ресторан Деспина 18
8.Паркетар Горан Електроелемент 16
9.ВИК 16
10.Адвокати Прилеп 13
11.Ла пјаца Порта 13
12.Кабелнет 12
13.Футура 12
14.Македонски пошти 11
15.Микросам 8
16.Комфи ангел 7
17.Тутунски комбинат 3
18.Спорт лајф 0