Одлично игра 35-годишниот Илија Несторовски во тековното првенство од Првата лига на Хрватска. Прилепчанецот, некогашен член на Победа, македонски репрезентативец, во дресот на Славен Белупо од Копривница вечерва го даде шестиот гол, против Горица на гостинскиот терен во Велика Горица. Тоа беше во 81. минута, со што се означи конечниот резултат 0:3 во полза на Славен Белупо.
Интересно е што во времето пред Несторовски да пристапи во Славен Белупо, екипата беше на дното од табелата, а сега е на високото 4. место со 35 бода, под Хајдук со 48, Риека со 47 и Динамо со 42.