Се одиграа мечевите од плејаутот на Женската лига на Македонија. Во Прилеп беше пелагониското дерби, Деспина – Пелистер 30:34. Гостинките од Битола беа поуспешни. На другите дуели, Спартак – Овче Поле 31:15, МРК Ѓорче Петров – Стружанка 32:26.
ТАБЕЛА: Спартак 19, Пелистер 16, Деспина и МРК Ѓорче Петров 13, Овче Поле 10, Стружанка 7, Шампион 0.
СЛЕДНО КОЛО (15 мај): Овче Поле – Деспина, Стружанка – Шампион, Пелистер – МРК Ѓорче Петров.