Деновиве низ Прилеп може да го сретнеме Ристо Глигороски. Највозрасните фудбалски љубители го познаваат како врвен голгетер од седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век. Охриѓанец, а најмногу одигра за Победа – вкупно 15 години, додека 2 години помина во скопски Вардар. Кога беше во Вардар, натпревар на кариерата му е против повеќекратниот југословенски шампион Партизан од Белград. Есента 1979 година му даде три гола за триумф од 5:0, во кој придонесе со два гола и Сандре Маневски.
Во Победа има многу натпревари со негови голови, меѓу 1970 и 1978 и меѓу 1980 и 1987. Може да се спомне од пролетта 1976 година со крушевачкиот Напредак. Тогаш, во победата од 5:1, покрај двата гола на Живко Ѓорѓиоски, Глигороски додаде уште три.