Вчера беше извршена ждрепката за распоредот во претстојното првенство од Првата фудбалска лига на Македонија. Меѓутоа, за прилепските љубители на фудбалот во исчекување е и ждрепката за новото првенство од Втората лига кое стартува на 12 август. Има информации дека таа ждрепка ќе се случи следната седмица, најдоцна до петок, 4 август.
Според вчерашната ждрепка, во 1. коло од Првата лига, на 6 август ќе се сретнат: Брера (Струмица) – Вардар (Скопје), Воска (Охрид) – Шкендија (Тетово), Струга – Гостивар, Тиквеш (Кавадарци) – Македонија ЃП (Скопје), Брегалница (Штип) – Силекс (Кратово), Работнички (Скопје) – Шкупи (Скопје).