Во седумдесеттите и осумдесеттите години од 20 век се одржуваше фудбалски турнир во Крушево, по повод празникот Илинден. Многубројните туристи , меѓу другото, гледаа и интересни фудбалски натпревари, кои значеа подготовка за претстојните првенства. Покрај домашниот клуб Питу Гули, често учествуваше прилепски 11 Октомври, како и екипи од Битола, Македонски Брод, Демир Хисар, Ресен, Кичево… Турнирот добиваше на квалитет со учеството на прилепска Победа – член на Втората југословенска лига, скопски Вардар и нишки Раднички – екипи од највисокиот ранг, Првата лига на Југославија. Победникот добиваше награда „Црешовото топче“. Повеќепати победник беше Победа.
За празникот турнир имаше и во Славеј.