За ден-два треба да биде објавено шестото засилување за машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Дознаваме дека се работи за десно крило и е од странство. Тука нема да е крај на новите во клубот, затоа што се очекува барем уште еден да се приклучи. Претходно дојдоа: голманот Давид Ацевски (Јуниор КВ), средниот бек Црногорецот Драган Јелушиќ (Искра Бугојно – Босна и Херцеговина), пикерот Томче Трајчевски (Радовиш), левиот бек Никола Цветаноски (Струга) и десното крило Пеце Рајатовски (Голден арт). Нов е и шефот на Стручниот штаб Божидар Мојсов, како и тренерот на голманите Тони Димоски.
Екипата од РК Прилеп седми ден има тренинзи во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.