Фудбал

ПОБЕДА ПО ДОЛГИ ОСУМ ГОДИНИ ГО ЧЕКА ТЕТЕКС ВО ПРИЛЕП!

Извлечени се броевите за распоред на првенството од Втората фудбалска лига на Македонија. На 12 август во 1. рунда се среќаваат:  Башкими – Охрид, Победа – Тетекс, Осогово – Беса, Беласица – Пелистер, Новаци – Аресими, Саса – Скопје, Детонит – Вардар Н. и Кожуф – Караорман. Во врска со мечот Победа – Тетекс, може да се каже дека тетовскиот тим на стадионот „Гоце Делчев“ ќе гостува по долги 8 години. Последен пат тоа се случи на 15 август 2015 година, во рамките на 1. коло од сезоната 2015/16 во Втората лига. Резултатот беше 1:1 по головите на Николче Шаркоски и Јован Попзлатанов. За Победа тогаш настапија: Трајковски, Талески, Колевски, Ф. Мирчески, Д. Котески, Мегленски, В. Петрески, Шаркоски, Карчески, Николовски (46. Здравески – 69. Дунимаглоски), Гешоски (62. И. Мирчески), а тренер беше Дарко Крстески. Како што може да се забележи, меѓу играчите тогаш беа: Благоја Гешоски (сегашен прв клупски човек), Филип Мирчески (сега шеф на Стручниот штаб) и Стојанче Дунимаглоски (сега помошник-тренер).

Што се однесува до распоредот во есенскиов дел, еве ги мечевите на Победа: 1. Победа – Тетекс, 2. Башкими – Победа, 3. Победа – Охрид, 4. Победа – Осогово, 5. Беласица – Победа, 6. Победа – Новаци, 7. Саса – Победа, 8. Победа – Детонит, 9. Кожуф – Победа, 10. Победа – Караорман, 11. Вардар Н. – Победа, 12. Победа – Скопје, 13. Аресими – Победа, 14. Победа – Пелистер, 15. Беса – Победа.

Утре (сабота) во 17 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ е пријателскиот натпревар Победа – Пелистер.

 

Од категоријата

МИНИЈАТУРНО ГОЛМАНЧЕ ДЕ ГЕА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ВЕЧЕР БЕЗ ПЕНАЛИ

Зоран Иге

САМО ТРИ БОДА СЕ ЗА ДРЖЕЊЕ ЧЕКОР СО ВОДЕЧКИТЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе