Наредниов викенд, по паузата, продолжуваат натпреварите од Супер лигата на Македонија за млади категории фудбалери, со 10. коло. Во тие рамки се дуелите Победа – Работнички. В сабота, во Скопје, прво во 11 часот е мечот меѓу кадетите, а во 13 часот настапуваат младинците.
В недела, на теренот со вештачка трева во Прилеп, прво од 11 часот се помладите пионери, во 13 часот постарите пионери.
ДВОЈКИ 10. КОЛО: Победа – Работнички, Тетекс – Скопје, Беласица – Македонија ЃП, Брегалница – Брера, Шкупи – Пелистер, Вардар – Шкендија.