Само што почна второто полувреме, нов гол во Кочани, Осогово – Победа 3:1. Стрелец во 53. минута е Драган Паунов, вторпат. Тој го даде и вториот гол за Осогово, во 35. минута.
Претходно, Победа немала среќа да израмни, по стонастотна шанса не Николче Талески. Во 17. минута Осогово го даде израмнувачкиот гол преку Даут Даути, а водечкиот гол во 8. минута беше во полза на Победа, преку Матеј Ѓурчиновски.
Така, моментно во Кочани е 3:1, а во екипата на Победа веднаш се извршени две измени: излегоа Стефан П. Спиркоски и и Стефан М. Спиркоски, а влегоа М. Талески и Д. Дебрешлиоски.