70 години ракомет во Прилеп

ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН ВО ПРИЛЕП!

Од 31 март до 2 април 1989 година во Спортската сала „Македонија“ се одржа четвртфиналниот женски ракометен турнир во Ц-групата од Купот на Југославија. Покрај домашниот Тутунски комбинат (Прилеп), учествуваа и Раднички (Белград), Далма (Сплит) и Трешњевка (Загреб).

Прилепскиот тим, нов второлигаш, се најде во друштво на многу силни екипи со прволигашко искуство. Меѓу нив најзвучно име беше Раднички, трикратниот европски шампион. Гледачите уживаа во мајсториите на врвните ракометарки, како што се Мирјана Ѓурица, Станица Голе (Раднички), Наташа Колега, Славица Ринчиќ (Далма), Дуња Маргалиќ (Трешњевка)…  И екипата Тутунски комбинат го даде максимумот и покрај трите пораза, од Раднички (20:42), од Далма (21:31) и од Трешњевка (26:28). Прв во групата беше Раднички, со сите три победи. Избрани беа најдобрите: Мирјана Ѓурица – играч, Бранка Јовановиќ – голман (Раднички), Снежана Наумоска – стрелец на 27 гола (Тутунски комбинат).

Екипата Тутунски комбинат за пласман во четвртфиналето претходно ги победи: Гевгелија, Ѓорче Петров (Скопје), Млаз (Богданци) и Охрид. Во тоа време за Тутунски комбинат настапуваа: Гордана Цветаноска, Марија Павлоска, Вера Стојаноска, Снежана Наумоска, Татјана Лозаноска, Каролина Митеска, Елизабета Атанасоска, Лидија Белческа, Лилјана Паниќ, Гордана Смилеска, Билјана Наумоска, Кети Базеркоска, Кети Талеска, Валентина Митреска, Ане Магдеска, Христина Самарџиоска, Жаклина Мицеска и Весна Младеновска. Тренери беа Петар Кузманоски – Таста и Влатко Коруноски – Лара.

 

ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ

ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО

ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…

СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…

НА 076 502 403

Од категоријата

СПОМЕНИ ЗА НАЈУБАВАТА САЛА ОД БЕЛГРАД НАДОЛУ – УНИВЕРЗАЛНАТА!

Зоран Иге

ВО ПРИЛЕП ДОЈДЕ НАЈДОБРАТА СВЕТСКА РАКОМЕТАРКА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО ТИМ ВО БАЛКАНСКАТА ЛИГА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе