Одличен резултат (27:27) изваде Македонија против Унгарија, на стартот од Светското ракометно првенство за мажи. Мнозинството од ракометните љубители не веруваа во ваков исход, сметајќи ја Унгарија за голем фаворит. Меѓутоа, Македонија не само што освои бод, туку испушти триумф, бидејќи при водство од 27:26 имаше и напад, кој не го искористи, а противникот од контра израмни на 27:27.
Дали да се радуваме или жалиме за пропуштеното? Пред се радува играта, борбеноста, така што со големи очекувања се вртиме кон следните дуели – в петок со Холандија, в недела со Гвинеја.