Боречкиот клуб „7 Мај“ и официјално доби нов спортски директор – Петар Јанков. Тој доаѓа од Бугарија каде долги години бил успешен борач и тренер во повеќе клубови. Со неговото назначување за спортски директор, започнуваат најавените засилувања во редовите на клубот „7 Мај“, какоо кадровски во управата така и во екипата. Се очекува оваа сезона со новите засилувања освен во женска и во машка конкуренција шампионска титула.
Следуваат возбудливи моменти во борењето во Прилеп и Македонија.