Фудбалскиот второлигаш Победа се засили на голманската позиција. Во клубот се врати 22-годишниот Иван Николоски, голман со прволигашки квалитети, член на Младата репрезентација на Македонија. Доаѓа од Поградец (Албанија), а претходно има настапувано за Саса (Каменица), Беласица (Струмица), Воска (Охрид) и уште неколку други екипи. Доаѓа како поддршка на клубот во кој голман досега беше 20-годишниот Антонио Шемкоски (заминат во гевгелискиот Кожуф).
Од клубот Победа информираат за доаѓањето и на Филип Димоски (Охрид) и Младен Љумовиќ (Беласица, Струмица), а најавуваат можност за уште неколку нови во пресрет на пролетниот дел од првенството во Втората лига. По два дена ќе се знае конечниот список на тие што заминаа и на сите што се нови во Победа.
Во рамките на 16. рунда од Втората лига, в сабота (14 часот) Победа дома игра со штипска Брегалница.
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403