Вечерва се уште два меча од четвртфиналето на Лигата на европските шампиони, од кои едниот е во Барцелона, Барцелона – Борусија Дортмунд. Светот е поделен – едни навиваат за шпанскиот, други за германскиот тим. Така е и во Прилеп. Тука наидовме на двајца жители на Германија, коишто ќе држат среќа за успех на германскиот претставник. Едниот е роден прилепчанец, некогашен фудбалер, 57-годишниот Иван Николоски којшто одамна живее во Германија, а другиот е негов роднина, роден Германец, поранешен фудбалски судија, 72-годишниот Херберт Хојкендорф.
Објавуваме видео-интервју со двајцата, а темата се знае – фудбалот.
ВИДЕО