Следното издание од емисијата „Спортски журнал“ на Радиотелевизија Пела е утре (петок) од 11 до 12 часот. Централна тема во емисијата ќе биде прилепскиот ракомет, затоа што гостин – соговорник во студиото ќе биде Христи Бикоски, капитенот, левото крило, еден од најдобрите стрелци на суперлигашот Прилеп. Повод се успешните мечеви во плејаутот од Супер лигата и шансите за прво место на табелата од оваа фаза.
Во емисијата ќе бидат теми и фудбалот во повеќе рангови, кошарката итн.
Емисијата „Спортски журнал“ може да се следи на:
и
https://www.facebook.com/pelaradioMacedonia