Љубителите на фудбалот каде и да се, бараат каков бил фудбалски меч за да го гледаат. Така, деновиве во Прилеп престојуваат двајца фудбалски „запаленковци“ од Германија, 57-годишниот Иван Николоски (роден во Прилеп, но одамна живее во Германија) и 72-годишниот Херберт Хојкендорф (роден и живее во Германија). Бидејќи без фудбал не можат ниту еден ден, со нетрпение чекаат кога на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе има фудбал.
„Веднаш одиме на стадион штом ќе има фудбалски меч. Двајцата сме многу заинтересирани. Вчера кога поминавме покрај прилепскиов стадион, погледите ги свртивме таму. Тоа значи дека сигурно ќе ја гледаме Победа на претстојниот второлигашки дуел дома со Саса, на 19 април.“ – најавува Николоски.
ВИДЕО