Дербито од 20. коло на Третата фудбалска лига – Југ беше во Кривогаштани. Таму домашниот тим Младост одигра нерешено 0:0 со Големо Коњари. Немаше голови на дуелот помеѓу лидерот на табелата и третопласираниот, а беа доделени 7 жолти картони – 5 за домашните, 2 за гостите. По овој резултат Големо Коњари остана на врвот, а Младост падна едно место подолу.
На теренот со вештачка трева во Прилеп екипата Ултрас постигна победа од 3:1 над Дреново. Првото полувреме беше израмнето резултатски, 1:1, а во второто два гола успеа да даде домашната екипа. Од овој меч објавуваме неколку фотографии.
РЕЗУЛТАТИ/СТРЕЛЦИ 20. КОЛО: Башкими – Влазними јуниор 2:0 (Албим Јашари, Зани Ахмедовски), Ултрас – Дреново 3:1 (Миодраг Тасески, Бобан Тошески 2 – Берхан Мемедов), Бучин – Питу Гули 1:1 (Бојан Мицески – Благојче Митрески), Младост – Големо Коњари 0:0, Росоман – Слога 4:2 (Марко Миловановиќ, Кристијан Јованов, Петар Николов, Бојан Миланов – Фатон Ибраими, Андријан Волчески), а Превалец и Венец слободни.
ТАБЕЛА: Големо Коњари 42, Превалец 38, Башкими 35, Младост 33, Росоман 29, Венец и Ултрас 28, Питу Гули 21, Бучин 19, Слога 13, Дреново и Влазними јуниор 11.
СЛЕДНО 21. КОЛО (18 април, петок, во 16 часот): Венец – Росоман, Слога – Младост, Големо Коњари – Бучин, Питу Гули – Ултрас, Дреново – Башкими, а Превалец и Марена слободни.