Се одигра 3. коло од плејаутот на Супер лигата. Во таа рамка, Куманово – Прилеп 26:26. И вечерва екипата Прилеп остана непоразена, третпат во оваа фаза, бидејќи претходно беа победите дома со Борец и Пролет. На вечерашниот меч најефикасни беа: Давид Димевски со 8, Лука Матачиќ и Дарио Симоноски со по 5 гола (Куманово), Христи Бикоски и Томислав Квастек со по 6, Денис Шабановиќ со 5 гола (Прилеп).
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО: Куманово – Прилеп 26:26, Пролет – Борец 36:30, Радовиш – Струга 33:23.
ТАБЕЛА: Прилеп 7, Пролет 6, Куманово 5, Борец и Струга 3, Радовиш 2.
СЛЕДНО 4. КОЛО (17 април): Прилеп – Радовиш, Борец – Струга, Пролет – Куманово.