Големо изненадување се случи во рамките на 14. коло од Супер лигата на Македонија во пинг-понг. На дербито, Крива Паланка – Младост 96 4:2. Иако дерби, ова е изненадување. Поразен е досега непоразениот, а и резултатот е убедлив 4:2.
– Неочекуван пораз. Во нашата екипа од оправдани причини не беа Андреј Лашкоски и Антонио Стомнароски. Сепак, и натаму сме први на табелата, со бод предност – изјави Гоце Тошески, тренер на Младост 96.
На дербито за победничкиот тим две партии доби Роберт Стаменковски, по една Кристијан Станојковски и Александар Јакимовски, а за поразениот двете партии ги доби Ѓорѓе Борчиќ.
Претходно се одигра прилепското дерби Младост 96-Младост 4:3. На овој меч за победничкиот тим прво две партии доби Ѓорѓе Борчиќ, една Софија Хасану, а последната во двојки е заслуга на Ѓорѓе Борчиќ/Нико Доага. За поразениот тим партиите ги добија Зоран Јованоски, Александар Рикалоски и Душан Анѓеловиќ.
Екипата Младост одигра уште еден меч, со Радовиш, каде ривалот беше поуспешен со 4:2. За Младост двете партии ги доби Душан Анѓеловиќ, а за Радовиш две Сашо Љамов, по една Венко Стојанов и Ѓорѓе Бораниев.
РЕЗУЛТАТИ
КОЛО 13: Телеком нец 2 – Вардар 4:1, Радовиш – Берово 4:0, Младост 96 – Младост 4:3, Астраион – Крива Паланка 0:4, Пелагонија – Шампион ФА 2:4.
КОЛО 14: Вардар – Пелагонија 0:4, Шампион ФА – Астраион 2:4, Крива Паланка – Младост 96 4:2, Младост – Радовиш 2:4, Берово – Телеком нец 2 – 0:4.
ТАБЕЛА
СЛЕДНИ КОЛА (27 април)
КОЛО 15: Берово – Вардар, Телеком нец 2 – Младост, Радовиш – Крива Паланка, Младост 96 – Шампион ФА, Астраион – Пелагонија.
КОЛО 16: Вардар – Астраион, Пелагонија – Младост 96, Шампион ФА – Радовиш, Крива Паланка – Телеком нец 2, Младост – Берово.