Секогаш највредни се победите на гостински терен. Тоа му успеа на тимот Братство од Големо Коњари, но попусто. Во Мажучиште победи со 2:1 против домашниот Динамо, но откако заврши мечот е забележан неправилен настап на играч од гостинската екипа, така што важечки е службениот резултат од 3:0 за Динамо. Ова е во рамките на 10. коло од Општинската лига на ОФС Прилеп Б-група.
Подолу се сите резултати и стрелци на двете групи:
Општинска лига на ОФС Прилеп А-група:
Млекар Мало Коњари – Стрела Ерековци 4:0 (Филип Трајкоски, Боби Ачкоски 2, Дејан Цветкоски), Напредок Крушеани – Прилеп сити 5:0 (Никола Талески, Бојан Мицески, Самоил Граороски, Леонид Попоски, Христијан Тодоровски), Корзо Прилеп – Козара Заполжани 1:3 (Кирил Мирчески – Теодор Мицкоски, Денис Ристески, Виктор Ристески), а слободна беше Кадица Забрчани.
ТАБЕЛА: Кадица 24, Млекар 18, Стрела 16, Козара 13, Корзо 7, Напредок 5, Прилеп сити 1.
СЛЕДНО 11. КОЛО (18 април од 10 часот): Козара – Напредок, Прилеп сити – Млекар, Стрела – Кадица, а слободно Корзо.
Општинска лига на ОФС Прилеп Б-група:
Динамо Мажучиште – Братство Големо Коњари 3:0 сл., Боротино – Пролетер Прилеп 4:1 (Антонио Николоски 2, Ангел Котески 2 – Денис Османоски), Гарван Десово – Кадино 3:0 (Сади Османоски 2, Емран Имероски), а Црвена ѕвезда Сенокос слободна.
ТАБЕЛА: Гарван 22, Кадино 19, Црвена ѕвезда 17, Динамо 12, Братство 10, Боротино 4, Пролетер 3.
СЛЕДНО 11. КОЛО: Кадино – Боротино (18 април во 10 часот), Пролетер – Динамо (19 април во 10 часот), Братство – Црвена ѕвезда (19 април од 16 часот), Гарван слободен.