Играта и резултатот на Победа на вчерашниот меч со Осогово беа незадоволителни за прилепската публика, но ако нешто добро може да се издвои тоа е соборениот рекорд за непримен гол во ова првенство. Претходно беше периодот од 311 минути: Кожуф – Победа 1:0 (14 минути), Победа – Детонит 0:0 (90 минути), Победа – Брегалница 0:0 (90 минути), Борец – Победа 0:1 (90 минути) и Победа – Македонија ЃП 2:1 (27 минути). По вчерашниот резултат рекордот изнесува 387 минути непримен гол: Победа – Вардар Н. 0:1 (27 минути), Новаци – Победа 0:0 (90 минути), Победа – Саса 1:0 (90 минути), Вардарски – Победа 0:1 (90 минути) и вчера Победа – Осогово 0:0 (90 минути). Очигледно дека квалитетот на Победа пролетва е играта во одбрана, со само 4 примени гола на 12 меча, наспроти играта во нападот со 5 постигнати гола на 12 меча.
Рекордот во минути непримен гол може да биде и подолг, зависно од тоа што ќе се случи на следниот дуел Скопје – Победа, во вторник од 17 часот.
—————————————————————————————————-
СЕ ЗА ПРАВОСЛАВИЕТО: икони, иконостаси, диптиси, молитви, благослови…
Се за имендени и слави…
Порачки на 076 502 403