Фудбалот е убава игра во која дружењето е најубав бенефит, а врв на се е збратимувањето на клубови. Тоа го направија Прилеп сити од Прилеп и Хајдук од Лознани, Битолско. Клубот од Лознани има гостувано во Прилеп, а прилепскиот во Лознани. Така и на 1 јуни ќе се случи гостување на Прилеп сити во Лознани, за да учествува на Петтиот меморијален турнир „Николче Атанасовски“.
Покрај домаќинот, Хајдук од Лознани и Прилеп сити, на турнирот ќе учествуваат уште Младост од Горно Оризари, Битолско и Стрела од Ерековци, Прилепско.