Фудбал

(ВИДЕО) МАЛАТА БОСАНКА УСПЕШНО ГО ЧУВА ПРИЛЕПСКИОТ ГОЛ!

Стартува пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига, каде Деспина е на високото 4. место, пласман за кој една од најзаслужните е голманката од Босна и Херцеговина Иман Шљиво. Прими само 11 гола на 10 меча, така што тренерот Стевче Талески многупати истакнува дека ја оправдала довербата со нејзиниот однос, пристап, дисциплина. Не е висока, а е голема пречка за противничките фудбалерки. Им се чини никој нема на гол, а одеднаш топката некој ја одбива. Во прво време, кога била девојче на 10-12 години, почнала во средниот ред, затоа многу сака да игра со нога.Шљиво е познато фудбалско презиме. Пред 41 година, на Светското во Шпанија, за Југославија настапи Етхем Шљиво. Играше во средниот ред за Сараево, потоа на печалба во Белгија, Франција и Германија. Дваесетидвегодишната Иман е негова внука.
Договорот го продолжи, па во Деспина останува и во 2024 година.

РАЗГОВОРОТ СО ИМАН ШЉИВО НА СЛЕДНИОВ ЛИНК:

Од категоријата

БРАЌА И БРАТУЧЕДИ ЕДНИ ПРОТИВ ДРУГИ!

Зоран Иге

ОДБРАНАТА СТАНУВА ПОЦВРСТА

Зоран Иге

ДАНОСКИ СО ПОБЕДОНОСЕН ГОЛ ВО СРБИЈА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе