Во Хрватска се одржува Шестиот шаховски турнир „Шолта опен 2023“ за шахисти со моментален рејтинг до 2300 поени. Единстен претставник од Македонија е прилепчанецот, фидемајсторот Роберт Велески. Во првите две кола постигна победи – со двајца Хрвати, од Загреб и од Сплит, а попладнево пак игра против нивни сонародник, од Загреб. Учествуваат 105 шахисти од 23 земји. Се играат 9 кола, до 5 јули.
Наградниот фонд е 9300 евра.