Кошарка

ОД ПРИЛЕП КОН АМЕРИКА!

Овој летен период иако е наменет за одмор, има информации и од кошаркарскиот спорт. Од новиот второлигаш Мега баскет велат дека, пред се, работат на обезбедување финансии – за клубот да се одржи во повисокиот ранг. Во врска со играчкиот кадар, настојувањето е да се задржат сите досегашни првотимци. Но во тоа тешко е да се успее, со оглед на најавите. Имено, двајца млади, 18-годишни бека, се пред разделба со прилепскиот клуб. За Стефан Јанески се зборува дека бил повикан на проба во шампионот МЗТ Скопје, додека Иван Кузманоски  со намера да биде дел од клуб на колеџ во САД. Со оглед на скромниот буџет, воопшто не се размислува за засилувања отстрана, туку само за враќање на прилепчани кои настапуваа во други клубови. 

Првиот тренинг на Мега баскет со тренерот Стефан Стевананџија е околу 20 август.

 

Од категоријата

ГРЦИ ДОАЃААТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(ФОТО) ПОБЕДИЈА СО 29 РАЗЛИКА!

Зоран Иге

НОВ ИГРАЧ НА ТРЕНИНЗИТЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе