Дербито од 6. рунда на Третата фудбалска лига – Југ беше во Велес, Превалец – Борец 0:0. Натпревар во кој имаше дури осум жолти картони (пет за домашните, три за гостите), но ниеден гол. Голманите Ратко Јовановски и Давид Димитриевски останаа несовладани. Овој нерешен резултат го искористи Големо Коњари, така што со победата над Младост од 2:0 од третото се искачи на првото место од табелата. Ако прво се мислеше дека Борец е без конкуренција, потоа се додадоа кандидати за врвот Ултрас, Слога и Превалец, сега мора сериозно да се смета на Големо Коњари со тренерот Горан Касниоски.
РЕЗУЛТАТИ: Марена – Слога 2:0 (Дарко Нацев, Јован Камчев), Росоман – Бучин 8:1 (Слободан Дуков 5, Петар Николов, Стефан Костовски, Марко Миловановиќ – Зоран Мирчески), Питу Гули – Ултрас 6:2 (Зоран Котески, Семир Мемедоски, Оливер Велевски 3, Ѓорѓи Стрезовски – Леонардо Тодоровски, Љупчо Хаџиспиркоски), Превалец – Борец 0:0, Големо Коњари – Младост 2:0 (Мустафа Селманоски, Ерџан Ибраимоски).
СЛЕДНО 7. КОЛО (29 октомври во 14 ч.): Младост – Марена, Борец – Големо Коњари, Ултрас – Превалец, Локомотива – Питу Гули, Слога – Росоман.