Денеска е првиот зимски тест за фудбалскиот второлигаш Победа. Противник е второлигашот Охрид, за кого исто така почнува серијата пријателски натпревари. Дуелот е закажан за 12 часот, на СЦ „Билјанини Извори“, на игралиштето со вештачка трева во Охрид.
Претходно, поради студот и снегот, беше откажан мечот во Прилеп, Победа – Тиквеш.