Кошарка

ЧЕТИРИНАЕСЕТ РАЗЛИКА ВО ДУЕЛ СО ВТОРИОТ!

Двапати со ред се случува резултатот да е 14 разлика, кога игра Мега баскет. Во 14. рунда од Втората кошаркарска лига на Македонија, Маџари – Мега баскет 90:76. И пред една недела кога Мега баскет дома победи со штипските Соколи, соодносот беше ист, 97:83. Синоќешниот резултат во Скопје е очекуван, бидејќи Маџари е меѓу најдобрите во лигата, на второто место од табелата, со само два пораза досега.

РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО: Маџари – Мега баскет 90:76, Тетекс – Водно 76:80, Работнички – МКК Куманово вторник, Шкупи – МЗТ Уни 78:67, Соколи – Куманово 2009 вторник, Борец – Ангели денеска.

ТАБЕЛА: МКК Куманово и Маџари 26, Шкупи 25, МЗТ Уни 23, Ангели 21, Мега баскет, Борец и Водно 19, Соколи и Работнички 18,  Тетекс 16, Куманово 2009 – 12.

СЛЕДНО 15. КОЛО: Мега баскет – Шкупи, Ангели – МКК Куманово, Соколи – Работнички, Водно – Борец, Куманово 2009 – Маџари, МЗТ Уни – Тетекс.

Од категоријата

МЕГА БАСКЕТ ПОБЕДИ ВО ТЕТОВО!

Зоран Иге

ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ

Зоран Иге

СЕ НАЅИРА РИВАЛОТ НА МЕГА БАСКЕТ ЗА ПРЕСУДНИОТ ДУЕЛ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе