Пинг-понг

ПРИЛЕП: НАЈДОБРИТЕ ДЕЛАТ 550 ЕВРА!

Утре (сабота) и в недела е третото издание на Меѓународниот меморијален пингпонгарски турнир „Илија Карески – Каре“, во чест и спомен на големиот пингпонгар, тренер и спортски работник. Во салата од ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп се очекува учество на близу 200 пингпонгари и пингпонгарки од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Македонија. Најдобрите ги чекаат медали, пехари и парични награди. Паричниот фонд е 550 евра. Претстојат интересни натпревари во повеќе возрасни категории: сениорска, младинска (до 19 години), кадетска (до 13 и до 15 години) и ветеранска (од 40 до 49, од 50 до 64 и над 65 години) .
Организатор е клубот Младост 96.

Од категоријата

КРУШЕВЧАНКИ ПОДОБРИ ОД ГРКИНКА И КОСОВКИ

Зоран Иге

ПЕЛАГОНИСКО ДЕРБИ ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

ЗАСИЛУВАЊЕ ОД АМЕРИКА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе