Пинг-понг

(фото) ПРИЛЕП: НАЈВРЕДНИТЕ ПЕХАРИ ЗА УЦЕ И МЛАДЕНОВСКИ!

Заврши третото издание на Меѓународниот меморијален пингпонгарски турнир „Илија Карески – Каре“, во чест и спомен на големиот пингпонгар, тренер и спортски работник. Вчера и денеска во салата од ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп имаше учество на 132 пингпонгари и пингпонгарки од седум држави. Бугарија беше застапена со 1 клуб, а останатите со повеќе, Црна Гора и Србија со по 2, Грција и Косово со по 3, Албанија со 4, Македонија со 16 клуба.

Најдобрите добија медали, пехари и парични награди. Паричниот фонд е 550 евра. На десетте маси беа мошне интересни натпревари во повеќе возрасни категории: сениорска, младинска (до 19 години), кадетска (до 13 и до 15 години) и ветеранска (од 40 до 49, од 50 до 64 и над 65 години) .

Кај сениорките редоследот на најдобрите е: 1. Амелија Уце – Николов (Шампион ФА, Штип), 2. Матеја Смолиќ (Рисови, Скопје), 3. Софија Хасану и Емилија Марковска (Младост, Прилеп). Кај сениорите најуспешни беа: 1. Филип Младеновски (Шампион ФА, Штип), 2. Антонио Стомнароски (Младост 96, Прилеп), 3. Кејди Калаја (Албанија) и Сашко Богатинов (Шампион ФА, Штип).

На настанот присуствуваа и го отворија д-р Борче Јовчески – градоначалникот на Прилеп и Дејан Проданоски – претседателот на Советот на Општината, додека наградите ги доделија Марјан Матракоски – претседателот на ППК Младост 96, Златко Рикалоски – потпретседателот на ПФМ и Вера Кареска – сопруга на починатиот Илија Карески – Каре.

Одличен организатор беше клубот Младост 96.

Од категоријата

УСПЕШЕН ТЕСТ ЗА ВРВНИОТ ТАЛЕНТ НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП Е БЛИСКУ ДО ПОВИСОК РАНГ! (фото)

Зоран Иге

НАСТАН ВО ПРИЛЕП ЗА ДОЛГО ПАМЕТЕЊЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе