Фудбал

ПРИЛЕП: ДЕРБИ СО ТРАДИЦИЈА ОД 15 ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ!

Утре (сабота) се натпреварите од 20. рунда на Втората фудбалска лига на Македонија. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е дербито со многудецениска традиција, Победа – Беласица. Овие два тима имаат играно и пред 15 илјади гледачи. Сега прилепскиот тим се бори за да му се доближи на струмичкиот кој е четири места погоре на табелата. Победа атакува кон првата пролетна победа, по двата пораза (од Башкими и Охрид) и двете нерешени (со Тетекс и Осогово). За да победат, прилепчаните ќе мораат да постигнат барем еден гол, прв пролетва. Есеноска во Струмица беше 3:1 за Беласица, тим во кој има прилепчанец, 18-годишниот Никола Талески.

– Мое мислење е дека ќе биде тежок натпревар, со многу борба. Очекувам бодовите да ги однесеме во Струмица – вели Никола Талески.  

ДВОЈКИ 20. КОЛО (сабота во 14 часот): Победа – Беласица, Охрид – Осогово, Башкими – Новаци, Тетекс – Саса, Беса – Детонит, Пелистер – Кожуф, Арсими – Караорман, Скопје – Вардар Н.

ТАБЕЛА: Беса 50, Пелистер 42, Детонит 41, Арсими 35, Охрид 30, Башкими и Скопје 28, Вардар Н. 27, Беласица 25. Кожуф 24, Новаци 23, Тетекс 20, Победа 17, Осогово 16, Караорман 15, Саса 8.

Од категоријата

ПРИЛЕП: СУДИР НА ДВА ТИМА ВО ПОДЕМ!

Зоран Иге

СЕ ЧЕКАА 22 КОЛА ЗА ДА ЗАГУБАТ!

Зоран Иге

УШТЕ ДВАЈЦА НОВИ ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе