Фудбал

(фото, видео, состави) ПОБЕДА: ДИРЕК, ГРЕДА, А ГОЛ – НЕМА!

Неверојатна неефикасност на Победа во пролетниот дел од Втората фудбалска лига на Македонија. На пет меча – ниеден гол! И денеска на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, Победа – Беласица 0:0. Дури и среќата не е со прилепскиот тим. Ако во вторникот при четири-пет шанси беше погоден дирекот во Кочани, денеска наместо во мрежата топката шутирана од Давид Дебрешлиоски удри во гредата од голот на Беласица, тим во кој одлично одбрани младиот Ѓорѓи Трајков, додека сигурен на голот од Победа беше капитенот Антонио Столевски.  

ПОБЕДА: Столевски – Новески, Ивчески, Кофиловски, Поп-Антоски – Сарески (75. Г. Димоски), Д. Дебрешлиоски (84. Ристов), Да. Спиркоски (84. Д. Шаркоски), Богевски – Адили, Табаковиќ (60. И. Трајкоски). Тренер: Јане Николоски.

БЕЛАСИЦА: Трајков – Абази (88. Ахмедов), Чукарски (27. Милошевиќ), Попоски, Милушев – Коцев, Љумовиќ, Гугуљанов – Талески (68. Капсаров), Глигоров (68. Стоилов), Михолов (88. Митров). Тренер: Александар Стојанов.

НА ТЕРЕНОТ 26 МЛАДИНЦИ!

Многу млади постави имаа денеска екипите на Победа и Беласица. Иако се работи за сениорски тимови, на теренот одиграа вкупно 26-мина од категоријата младинци. Во Победа беа 14 младинци, во Беласица 12. Ретки се тие над оваа возрасна група. Во Победа е само голманот Антонио Столевски (21 година), а во Беласица Александар Милушев (35), Христијан Чукарски (21), Младен Љумовиќ (32) и Петар Гугуљанов (22).

РЕЗУЛТАТИ 20. КОЛО: Победа – Беласица 0:0, Охрид – Осогово 5:0, Башкими – Новаци 1:0, Тетекс – Саса 1:3, Беса – Детонит 0:0, Пелистер – Кожуф 1:0, Арсими – Караорман 3:0, Скопје – Вардар Н. 1:0.

ТАБЕЛА: Беса 51, Пелистер 45, Детонит 42, Арсими 38, Охрид 33, Башкими и Скопје 31, Вардар Н. 27, Беласица 26. Кожуф 24, Новаци 23, Тетекс 20, Победа 18, Осогово 16, Караорман 15, Саса 11.

СЛЕДНО 21. КОЛО (17 март во 15 часот): Новаци – Победа, Скопје – Охрид, Вардар Н. – Арсими, Караорман – Пелистер, Кожуф – Беса, Детонит – Тетекс, Саса – Башкими, Беласица – Осогово.

ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ НА ЛИНКОТ:

Од категоријата

ЕДЕН ГОЛ ВО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ, ДУРИ СЕДУМ ВО ВТОРОТО!

Зоран Иге

УШТЕ ДВАЈЦА НОВИ!

Зоран Иге

НЕ В НЕДЕЛА, В САБОТА СИТЕ НА СТАДИОН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе