Екипата Победа победи во Скопје со Работнички, во четвртфиналето од Купот на Македонија за помлади пионери. Резултатот е 4:3 по изведувањето пенали. Така, Победа е во полуфиналето, каде се уште екипите Пелистер и Шкендија, а се чека победникот од дуелот Скопје – Брера. На натпреварот Работнички – Победа стрелци во основниот дел беа Павел Марковски во 70. (Работнички) и Давид Паскоски во 63. минута (Победа). Стрелци од пенали: Матеј Ѓерасов, Јован Миленковски, Дарин Михајловски (Работнички), Давид Паскоски, Гоце Петрески, Владимир Зарески, Гоце Кузманоски (Победа).
За разлика од помладите пионери, кадетскиот тим Победа не успеа да влезе во полуфиналето. На четвртфиналниот дуел во Штип, Брегалница – Победа 1:0. Стрелец: Лука Николов во 22. минута. Во полуфиналето уште се екипите Шкендија, Шкупи и победникот од мечот Вардар – Македонија ЃП.