Фудбал

ЗА ДА ИГРА ЗА ПОБЕДА, „ЛЕТА“ ПО 3700 КИЛОМЕТРИ!

Пред дваесетина дена објавивме дека членот на Победа, Константино Горгиовски, замина во Шпанија, за да премине во клубот од Примера-лигата, Лас Палмас. Но, овој млад фудбалер, во неделата и денеска се појави во дресот на кадетскиот тим на Победа, против Тетекс во Тетово и Брегалница во Штип. Толкување добивме од неговиот татко, Алекс:

– Откако ја задолжи опремата на младинскиот тим на Лас Палмас, тој на врвен начин се’ етаблираше во новата средина и беше одлично прифатен од шпанскиот тим. Бидејќи таму се импресионирани од неговите квалитети и потенцијали, тој останува во плановите на клубот, но освен во младинскиот табор, неговото име останува и во калкулациите за А-тимот. Она што се јавува како проблем во овој момент е завршувањето на трансфер-рокот, односно, периодот за пријавување на играчи. Поради ова, како единствен компромисен епилог се наведува можност за настапи на пријателски мечеви, а такви до јуни ги има само два натпревара (до моментот кога двете страни најверојатно ќе го потпишат стипендискиот, а по полнолетството и професионалниот договор). За да го задржи натпреварувачкиот дух, од Лас Палмас не прават проблеми да игра натпревари во Победа. Оттука, тој, како фудбалер за врска ќе биде дел од плановите на прилепскиот тим во младинскиот погон, односно достапен за младинските категории, но доколку е потребен би бил и во плановите на сениорската екипа. Најавите се дека една сезона ќе биде во нивната младинска екипа У-19 Јувенил А, а што понатаму се зависи од прогресот на играчот. Дали ќе биде во првата екипа, дали отстапен во друг клуб во пониска шпанска лига или даден на позајмица во регионот – времето ќе покаже.

Според ова, Горгиовски е меѓу два клуба – Лас Палмас и Победа. Во Шпанија се планирани тренинзите и пријателските натпревари, а во Победа првенствените. Околу авионските летови натаму-наваму, долги по 3700 километри, Алекс најавува:

– Планирано е да има чести релации Лас Палмас – Скопје. Во Шпанија ќе се врати на 18 март каде ќе тренира со тимот од Канарските Острови во идниот клуб – Лас Палмас, се до неговото повторно враќање во Македонија. Како што напоменав, ќе ја одржува својата форма во натпреварувачки ритам по препорака на клубот од Шпанија, се до неговиот перманентен премин во Лас Палмас. Значи, сега ќе се задржи две недели во Лас Палмас, па ќе дојде во Македонија 2-3 недели, во зависност од тоа кога се натпреварите. Потоа пак оди во Лас Палмас, Се очекува во почетокот на мај да се врати во Македонија, за потоа конечно да се пресели во Лас Палмас – вели Алекс.

Константино Горгиовски има 17-години и е член на Нов Зеланд, репрезентација со која се пласира на Светското кадетско првенство.

 

Од категоријата

„ДЕТЕ“ НА ПОБЕДА Е НА СВЕТСКОТО ВО КАТАР!

Зоран Иге

ПОБЕДА ВО ПРВОТО КОЛО ОДИ ВО СТРУГА!

Зоран Иге

(ФОТО) МИТРЕСКИ СЕ ЈАВУВА ОД СТАДИОНОТ ВО ДОХА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе