Фудбалот е спорт во кој на победа може да се надева и аутсајдерот. Така, се случуваат изненадувања. Во 11. коло од Б-групата на ОФС Прилеп, Боротино – Кадица 2:1. Екипата Боротино по првите 8 кола немаше ни бод, притоа со 6:0 загуби од Кадица, а потоа, на одиграните два меча – две победи. Прво на гости го совлада Прилеп сити, сега дома и Кадица. Стрелци: Антонио Најдоски, Ангел Котески (Боротино) – Стефан Ралоски автогол (Кадица).
РЕЗУЛТАТИ: Боротино – Кадица 2:1, Мукос – Корзо 3:1 (Љупчо Стојчески, Мето Лашкоски 2 (Мукос) – Кирил Мирчески (Корзо), Црвена ѕвезда – Динамо 6:2 (Дејан Цветкоски 2, Филип Ачкоски 2, Виктор Тошески 2 (Црвена ѕвезда) – Александар Китаноски 2 (Динамо).
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 12. КОЛО: Динамо – Мукос, Корзо – Боротино, Кадица – Кадино, Гарван – Прилеп сити.
Пролетниот дел од А-групата на ОФС Прилеп стартува на 24 март, со двојките од 8.коло: Пролетер – Влазними јуниор, Обршани – Стрела, Тризла – Напредок, Братство – Млекар.
ТАБЕЛА