Пинг-понг

ПРИЛЕПСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ СО ЧЕТИРИ МЕДАЛИ ОД СКОПЈЕ!

Во салата од СЦ„Борис Трајковски“ во Скопје се одржа Државното пингпонгарско првенство за сениорки и сениори. Забележителен успех имаа членовите на прилепскиот клуб Младост. Во категоријата мешани двојки, трето место и бронзен медал освоија Нико Доага и Софија Хасану. Во групата машки двојки до второто место и сребрениот медал стигнаа Лука Стојчев и Дамјан Стојчев, а кај женските двојки  третото место и бронзата се за Софија Хасану и Емилија Марковска. Мошне вреден пласман – трето место со бронзен медал, постигна 16-годишниот Лука Стојчев, во поединечна машка конкуренција.

Шампиони поединечно се – кај жените Амелија Николов (Шампион ФА Штип), кај мажите Кристијан Станојковски (Крива Паланка).

Од категоријата

ПРИЛЕП Е МЕГДАН ЗА УЧЕСНИЦИ ОД 6 ДРЖАВИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИТЕ НЕ САКААТ „МАЈСТОРКА“!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ВТОРПАТ ВО ЕВРОПА?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе