Фудбал

ПОДВИГ: ПОБЕДА БЕЗ РЕЗЕРВИ ПОБЕДИ ВО СКОПЈЕ!

Во сегашно време ретко се случува фудбалска екипа да не направи ниту една измена во сите 90 минути од натпреварот. Многу често се користи правото на пет измени. Но, на вчерашниот меч Шкупи – Победа, од 15. коло на Младинската супер-лига на Македонија, гостинскиот тим бил само со 11 фудбалери. А згора на тоа, еден од клучните играчи, Константино Горгиовски добил црвен картон (втор жолт) во 64. минута, така што до крајот Победа одигрува со 10 фудбалери. А подвигот е во тоа што овој тим на тренерот Кирил Овезоски успева да победи со 2:1. Стрелци: Адмир Азировиќ во 1. (Шкупи) – Мартин Миланоски 22., Димитар Митрикески 76. (Победа).

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО: Шкупи – Победа 1:2, Брегалница – Скопје 11:0, Вардар – Беласица 0:1, Шкендија – Тетекс 1:0, Пелистер – Македонија ЃП 3:3, Брера – Работнички 8:4.

ТАБЕЛА

КАДЕТИ

На стадионот во Бутел, на дуелот меѓу кадетите, Шкупи – Победа 5:0. Стрелци: Амир Мустафа, Муат Куртуш 2, Аган Алиу 2.

РЕЗУЛТАТИ: Шкупи – Победа 5:0, Брегалница – Скопје 9:0, Вардар – Беласица 3:0, Шкендија – Тетекс 5:3, Пелистер – Македонија ЃП 0:2 , Брера – Работнички 1:0.

ТАБЕЛА

ПОСТАРИ ПИОНЕРИ

Во мечот меѓу постарите пионери, одигран на игралиштето со вешташка трева во Прилеп, Победа – Шкупи 0:2. Стрелци: Риол Хасани, Венис Енуз.

РЕЗУЛТАТИ: Победа – Шкупи 0:2, Скопје – Брегалница 1:3, Беласица – Вардар 1:1, Тетекс – Шкендија 0:5, Македонија ЃП – Пелистер 0:6, Работнички – Брера 3:0.

ТАБЕЛА

ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ

Нерешено на дуелот меѓу помладите пионери, Победа – Шкупи 2:2. Стрелци: Давид Паскоски 2 (Победа) – Бесман Садики, Беркан Зумбери (Шкупи).

РЕЗУЛТАТИ: Победа – Шкупи 2:2, Скопје – Брегалница 0:2, Беласица – Вардар 0:10, Тетекс – Шкендија 0:5, Македонија ЃП – Пелистер 1:1, Работнички – Брера 0:3.

ТАБЕЛА

СЛЕДНО 16. КОЛО: Брегалница – Победа, Брера – Скопје, Пелистер – Работнички, Шкендија – Македонија ЃП, Вардар – Тетекс, Шкупи – Беласица.

 

 

Од категоријата

(ВИДЕО) БАБУНСКИ: ФУДБАЛЕРИТЕ ДА СЕ ВО СОСТОЈБА ДА ИГРААТ И БЕЗ МНОГУ ИНСТРУКЦИИ!

Зоран Иге

(ФОТО) ПРИЛЕПСКИ ОТПОР НА ЕКСШАМПИОНОТ!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ДВА ЦРВЕНИ КАРТОНА, НИЕДЕН ГОЛ НА ДЕРБИТО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе