Кошарка

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СО ДВА РАЗЛИКА ВО ПЛЕЈОФОТ!

Екипата Мега баскет во последното коло од основниот дел на Втората кошаркарска лига избори пласман во плејофот, меѓу осумте најдобри. Вечерва во Скопје, Работнички – Мега баскет 71:73. Само еден кош, два поена, но вредни за да се надмине на табелата Водно, тим кој дома во Скопје загуби од штипските Соколи со 90:101. Двата услови се исполнија – Водно да загуби, Мега баскет да победи, и ете прилепскиот состав е во четвртфиналето од плејофот, каде ќе се сретне со МКК Куманово. Вечерва, по четвртини мечот во Скопје Работнички – Мега баскет вака изгледаше: 10:22, 21:19, 27:16, 13:16.

РЕЗУЛТАТИ 22. КОЛО: Работнички – Мега баскет 71:73, Ангели – Маџари 77:65, Борец – Тетекс 83:62, Водно – Соколи 90:101, МКК Куманово – Шкупи 105:71.

ТАБЕЛА: МКК Куманово 40, Шкупи 36, Маџари 35, Ангели 33, МЗТ Уни 31, Соколи 29, Борец 28Мега баскет 27, Водно 26, Работнички 23, Тетекс 22.

ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈОФ: МКК Куманово – Мега баскет, Шкупи – Борец, Маџари – Соколи, Ангели – МЗТ Уни банка.

Од категоријата

(ВИДЕО) ПАК ПОЛНА ТРИБИНА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ШТО СЕ СЛУЧИ СО ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ ВО СКОПЈЕ?

Зоран Иге

ТРИБИНАТА УТРЕ СЕ ПРЕПОЛНУВА, ВО ПРИЛЕП ДОАЃА НЕПОБЕДЛИВИОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе