Кошарка

ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ПОЛНА САЛА ВО ПРИЛЕП: ПРВЕНСТВОТО ПОЧНУВА ПО ПРАЗНИКОТ!

Објавено е дека новото првенство од Втората кошаркарска лига на Македонија е со старт на 12 октомври, по празникот 11 Октомври. Тоа е безмалку шест месеци по завршувањето на претходната сезона. Тогаш (на 16 април) прилепскиот клуб Мега баскет пред полна трибина во салата на ООУ „Добре Јованоски“ зеде учество во четвртфиналето од второлигашкиот плејоф, против првакот МКК Куманово.

Според ждрепката и распоредот за есенскиот дел, на 12 октомври Мега баскет дома игра со експрволигашот ФМП Академија од Скопје. Други учесници во Втората лига се: Маџари, Работнички, МЗТ Уни банка, Ангели, Партизан ВС, Бутел (сите од Скопје),  Борец (Велес), Црн Дрим (Струга), Соколи (Штип) и Охрид.

Од категоријата

(фото) ПРИЛЕП: ШТО СЕ СЛУЧИ ПО 26. МИНУТА?

Зоран Иге

(видео) ОВА ГО НЕМА ВО НБА, А СЕ СЛУЧИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ДЕНЕСКА ПРИЛЕПЧАНИ ПРОТИВ БИТОЛЧАНИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе