Паузата во фудбалските првенства – прволигашкото и второлигашкото, е можност за пријателски мечеви. Оттука и договорот за пријателски меч меѓу второлигашот Победа и прволигашот Воска од Охрид. Закажан е за в сабота од 14 часот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Можност за двата тима поподготвено да ги пречекаат следните првенствени натпревари, Воска со Брера во Струмица на 20 октомври, Победа со Вардар во Неготино ден порано, на 19 октомври.
Ова е период кога Победа е пред одлука за местото шеф на Стручниот штаб по оставката на Јане Николоски, а засега таа улога ја има Стојанче Дунимаглоски, повеќе години негов асистент.