Денеска беа два ракометни сениорски меча во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Првиот беше од женската, вториот од машката конкуренција.
Во рамките на 6. коло од Супер лигата за жени, Деспина – Ѓорче Петров 15:31. Иако конечниот резултат е висок, натпреварот беше мошне интересен. Во првото полувреме Деспина изненади и безмалку цело време водеше, дури и со четири гола разлика (9:5), а на одмор се замина со гол предност за тимот од Скопје (11:12). Ова е четврти пораз на Деспина, а шеста победа на Ѓорче Петров, актуелен шампион на Македонија.
Во следното 7. коло: Ѓорче Петров – Вардар, Спартак – Деспина.
Во истата сала предмалку заврши дуелот Прилеп – Тиквеш (28:32) од 8. рунда на Супер лигата за мажи. Во следната 9. рунда: Тиквеш – Вардар, Струга – Прилеп.