Крај на првите 45 минути во Каменица, на мечот Саса – Победа од 10. коло на Втората фудбалска лига на Македонија. Домашниот тим Саса води со 2:1, со два гола – во 4. и 10. минута. Сепак, во 30. минута гостинскиот тим Победа возврати, а стрелец е Никола Талески со неодбранлив удар од 18 метри далечина. Покрај головите, се случија две добри шанси на двете страни – погодена пречка за домашните и силен удар за гостите, но мрежите останаа недопрени.
САСА: Стојковски, Фидановски, Алиев, Чурлинов, Бекир, Алексовски, Ајрули, Ќосески, Димоски, Мичковски, Симевски. Тренер: Горан Гоцевски.
ПОБЕДА: Столевски, М. Талески, Н. Талески, Д. Дебрешлиоски, Јошески, Ристов, Д. Шаркоски, Ангелковски, Кофиловски, С. М. Спиркоски, Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
ДВОЈКИ 10. КОЛО: Саса – Победа, Вардар Н. – Новаци, Вардарски – Башкими, Осогово – Охрид, Скопје – Беласица, Кожуф – Арсими, Детонит – Македонија ЃП, Брегалница – Борец.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 22, Брегалница 21, Башкими 20, Арсими 19, Охрид 16, Кожуф 15, Детонит 14, Беласица 12, Новаци 11, Победа 10, Саса и Скопје 9, Вардар Н., Осогово и Борец 5, Вардарски 2.
За дуелот Саса – Победа на порталов „Шампион.МК“ ќе известуваме за секоја промена до крајот на мечот, кој започна точно во 13 часот.