Есента помина со 14 бода и 12. место за прилепска Победа во Втората фудбалска лига на Македонија, па оттука веднаш се наметнува прашањето кои делови од тимот е нужно да се засилат. Според шефот на Стручниот штаб Стојанче Дунимаглоски, кај него досега ниеден играч немал најавено заминување, а во поглед на новите играчи ставот е дека треба да се зголеми конкуренцијата во средниот ред и на крилните позиции. Во врска со ова се ќе биде јасно во преодниот рок – од 15 јануари до 11 февруари 2025 година.
Следниот собир фудбалерите на Победа ќе го имаат помеѓу 10 и 15 јануари 2025 година, што значи одмор од околу 35 дена.