Во Скопје се одржа плејофот од Државното првенство за кадети и јуниори во рамките на Карате федерацијата на Македонија, како избор за настап на Европското првенство од 7 до 9 февруари 2025 година, во Биелско-Бијала во Полска. Прилеп најубаво го претстави членот на клубот „Спорт 94“, Теодор Тео Стојаноски. Ова момче има само 14 години, а ги совлада сите противници во кадетска конкуренција, во борби, во категоријата над 70 килограми тежина. Има кошаркарска висина и голем карате-потенцијал, така што настапот на Европското, како претставник на Македонија, е уште еден исчекор во неговата кариера.
За плејофот од Државното првенство во Скопје за високи пласмани од прилепчаните има известување уште од клубот „Бонсаи“: Марија Јорданоски – второ место за кадетки во борби до 47 килограми и Марко Бучевски – трето место за кадети во борби до 57 килограми тежина.