Унијата на карате-ветерани на Македонија неколку часа му посвети на овој спорт во салата на Основното училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп. Прво беше одржано предавање за оваа благородна вештина од страна на гостинот од Скопје проф. д-р Чедомир Саздовски, носител на црн појас 9 дан, како и прилепчаните – вишиот спортски тренер Љубе Кафеџиоски, карате-до инструктор со црн појас 8 дан, дипл. правник Златко Пирганоски, црн појас 7 дан, дипл. маш. инженер Славе Ѓорески, црн појас 7 дан.


Потоа се случи полагањето за првиот појас – жолтиот. Триесетина млади кандидати пред комисијата ги покажа своите познавања во врска со овој спорт: ставови, одбрана од удари, удари со рака, удари со нога, ката, кумите, за збирна оценка на крајот – добар, многу добар или одличен. За најдобри од сите прогласени се Хана Стерјовска и Алек Стојаноски. Најмлада каратистка на полагањето беше 4-годишната Ева Марија Чочегоска, а најредовен на тренинзи Дарио Велески. Беа наградени со училиштен прибор.



Комисијата, покрај Саздовски, Кафеџиоски, Пирганоски и Ѓорески, ја сочинуваа и делегатот на полагањето дипл. економ. Ристо Котев од Гевгелија, како и комесарот дипл. град. инженер Зоран Стефковски од Скопје.



Свечено беа доделени и високи признанија – степени, така што црн појас втори дан го доби Методија Иваноски, црн појас трети дан имаат Михајло Јованоски и Марјан Пурданоски.



