Фудбал

(видео) СЕПАК, МНОГУ ВРЕДИ ОДЛУКАТА ЗА ПРОЛЕТНО УЧЕСТВО НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ВО СИТЕ КАТЕГОРИИ!

Поради тешката состојба во која се наоѓа, повеќе месеци актуелни се дискусиите околу Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп, особено околу прашањето дали да се продолжи учеството во пролетниот дел од првенствата. Имаше предлози да се откаже учеството во сениорската Втора лига на Македонија, а да се продолжи во другите категории – младинска, кадетска, пионерска, помлада пионерска. Други предлагаа да се откаже учеството во помладите категории – како младинска или кадетска, а да се продолже во сениорската. Имаше и други предложени варијанти. Досега, во овој дел од пролетниот дел од првенството, клубот и покрај тешката, претешката состојба, успева да учествува во сите категории – од пионерска до сениорска. Дека ова е оправдано се гледа не само во резултатите кај помладите категории, туку и во играта и кај сениорите, коишто, всушност, се младинци и кадети. И нивната игра напредува од меч во меч, иако резултатите тоа не го покажуваат. И на последниот меч дома, со Скопје, имаше акции, шанси, на младиот тим од Победа, коишто ја воодушевија публиката, вратена на трибината по долго чекање од 133 дена. Подолу на видеото ги издвојуваме двете „ножички“ од 19-годишниот Стефан Наскоски, во акцијата каде учесници се и други играчи на Победа.

Значи – вреди учеството во првенствата, вреди работата, вредат тренинзите на Градскиот стадион и на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. 

ВИДЕО

Од категоријата

СТАВ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ВО ВРСКА СО СОСТОЈБАТА ВО ФК ПОБЕДА!

Зоран Иге

ПОБЕДА НАМЕСТО ДОМАЌИН ВО ПРИЛЕП – ГОСТИН ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

(резултати, стрелци, табели) НОВИ ДЕВЕТ БОДА ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион